Се препорачува употреба на Цинк-Zn таблетите како помош при одржување на:
Препорачано е земање 1 таблета дневно, со оброк.
За што е наменет MaxMedica Цинк?
Помага во зајакнување на имунитетот и го одржува квалитетот на видот, кожата и ноктите.
Цинкот е антиоксидант кој е многу важен за функционирање на имунолошкиот систем и игра важна улога во градењето на протеините. Затоа е неопходен во бројни физички процеси како што се координација на хормоните и нервниот систем.
Со оглед на тоа дека цинкот влегува во состав на над 70 различни ензимски системи во организмот и е посебно значаен за синтеза на ДНК и РНК, како и за раст, делба и созревање на клетките, се смета дека е еден од најважните состојки за долговечен и квалитетен живот.
MaxMedica Цинк-Zn содржи 15mg цинк што претставува идеална доза за секој ден.
Важно за пушачите – цинкот е борец против кадмиумот, кој е познат како еден од предизвикувачите на рак на белите дробови и простатата, а е присутен во цигарите.
Пакување: 50 таблети
Кои се симптомите на недостаток на цинк во телото?
Најчести показатели кои ни укажуваат дека има недостаток на цинк во телото се интензивниот умор и напнатост. Кога сме преморени и исцрпени многу лесно може да се почувствуваме и депресивно, а може да настанат и проблеми со кожата, коса, но и со плодноста.
Симптоми на недостаток на цинк во телото:
Зошто недостасува цинк во организмот?
Исхраната е главниот извор на витамини и минерали, па неправилната исхрана би била главен причинител за намален цинк во организмот, односно намирниците кои ги внесуваме во нашето тело во исхраната се со сиромашна содржина или воопшто не содржат цинк во својот состав.
Современиот брз живот на луѓето се рефлектира и во нивната исхрана. Брзата храна е најчесто пржена и со големи количини на масти, кои не му обезбедуваат на телото ни приближно доволно витамини и минерали кои се потребни за оптимално функционирање на организмот на жените и мажите. Се разбира дека и нездравите навики како пушење цигари, прекумереното конзумирање на кафе и алкохол кои додатно придонесуваат за губење на цинкот од организмот.
Сепак, неопходно е да се одржува доволно ниво на овој минерал. Дневна доза кој е потребна да се внесе е од 12 до 15mg, односно толку цинк му е потребен на организмот секој ден за да може нормално да функционира.
Активна состојка |
1 таблета содржи |
ПДД* |
Cink |
15 mg |
150% |
*ПДД - Препорачана Дневна Доза
“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”
Вашето име:
Вашиот коментар:
Забелешка: HTML-от не е преведен!
Оценка: Лош Добар