Ferrofol x 30 kapsuli MaxMedica

Ferrofol x 30 kapsuli MaxMedica

0 ден.
Шифра на производ: 210408011341
Достапност: На залиха
Количина:

Зошто и кога да се употербуваат капсулите Ферофол од MaxMedica?

Се препорачува Ферофол како додаток во исхраната на:

  • Жени во репродуктивна возраст
  • Жени кои планираат бременост
  • Бремени жени
  • Спортисти
  • Крводарители
  • Луѓе кои не внесуваат доволно железо во исхраната

Препорачана употреба кај возрасни, бремени, доилки и деца до 12 години е 1 капсула дневно, независно од оброкот.

Третманот трае 3-5 месеци додека не се постигне нормална вредност на хемоглобинот. Примената треба да се продолжи уште неколку недели со цел да се складира повеќе железо. За бремени, се препорачува употреба во текот на целата бременост, со консултација со доктор. 

 

За што е наменет MaxMedica Ферофол?

Ферофол содржи хелатно железо (железо бисглицинат) што овозможува максимална апсорпција со одлична гастроинтестинална толеранција.

Наменети за жени во репродуктивна возраст, жени кои планираат бременост и бремени жени, како и за спортисти, крводарители, луѓе кои не внесуваат доволно железо во исхраната.

Пакување: 30 капсули

 

Што содржат капсулите Ферофол?

Железото е основен микроелемент во исхраната на човекот. Учествува во целиот процес на дишење, вклучително и транспортот на кислород и електрони. Главната улога на железото е во функционирањето и синтезата на хемоглобинот.

Железото исто така учествува и во синтезата на миоглобин, Л-карнитин и аконитаза, кои се вклучени во производството на енергија во организмот. Покрај ова, железото учествува и во синтезата на ДНК, колаген, серотонин, допамин и норадреналин. Може да игра значајна улога во нормалниот развој на функциите на мозокот и имунитетот.

Улогата на суплементација на железо е во превенцијата и третманот на анемија предизвикана од недостаток на железо. Железото позитивно придонесува за нормален когнитивен развој на децата и за нормална функција на имунолошкиот систем.

Витаминот Б12 придонесува за нормално производство на црвени крвни зрнца, нормална функција на имунолошкиот систем, намалување на заморот и исцрпеност и нормално функционирање на нервниот систем. Витаминот Б12 игра улога во процесот на делба на клетките.

Витаминот Б6 придонесува за нормално производство на црвени крвни клетки, нормална функција на имунолошкиот систем, намалување на заморот и исцрпеност, одржување на нормалниот енергетски метаболизам и нормалниот метаболизам на хомоцистеинот.

Фолната киселина придонесува за раст на мајчиното ткиво за време на бременоста, нормална синтеза на аминокиселини и нормално формирање на крв. Фолната киселина игра улога во процесот на делба на клетките. Дополнително внесување на фолна киселина го зголемува нивото на фолати кај мајката.

Ниските нивоа на фолати кај мајката се фактор на ризик за развој на оштетување на невралните туби кај фетусот. Корисниот ефект е добиен со дополнителен дневен внес на 400µg фолна киселина најмалку еден месец пред и три месеци по зачнувањето.

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, го намалува заморот и исцрпеноста, ги штити клетките од оксидативен стрес и ја одржува нормалната функција на имунолошкиот систем за време и по интензивна физичка активност.

 

Што е железо бисглицинат?

Железо бисглицинат или хелатно железо е форма на железо што овозможува максимална апсорпција и не предизвикува запек, затоа е идеален додаток на железо за сите луѓе на кои им е дијагностициран недостаток на железо, без несакани ефекти.

Кои се симптомите на недостаток на железо во организмот?

Недостатокот на железо предизвикува анемија, што се манифестира со замор, главоболки, опаѓање на косата и зголемена подложност на инфекции. Исто така, има негативно влијание врз здравјето на бремените жени и фетусот.

 

 

Состав:

Активни состојки

1 капсула содржи

%ПДВ*

Сув екстракт од плод на ацерола
-од кој витамин Ц

200 mg

50 mg

**

62,50%

Железо (железо (II) бисглицинат)

20 mg

143%

Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид)

2,8 mg

200%

Фолна киселина (птероилмоноглутаминска киселина)

400 μg

200%

Витамин Б12 (цијанокобаламин)

5 μg

200%

*ПДВ Препорачан Дневен Внес; ПДВ не е востановен

 

Состав

Сув екстракт од плод на ацерола (стандардизиран на 25% витамин Ц), малтодекстрин, железо (II) бисглицинат, желатинска капсула (желатин, боја – титан диоксид), средство против згрутчување (магнезиум стеарат), пиридоксин хидрохлорид, средство против згрутчување (сицилиум диоксид), птероилмоноглутаминска киселина, цијаноколабамин.

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Kaiser Pharm © 2021. UKION SHOPS