Good Bye Kilogrami x 30 kapsuli MaxMedica Збогум Килограми

Good Bye Kilogrami x 30 kapsuli MaxMedica Збогум Килограми

470 ден.
Шифра на производ: 210328215148
Достапност: На залиха
Количина:

За што е наменет MaxMedica Збогум Килограми?

Овој препарат помага при намалување на телесната тежина на здрав и ефикасен начин.

Збогум Килограми е препарат кој го забрзува метаболизмот и со тоа ја зголемува потрошувачката на масти, што доведува до слабеење. Овој диетален производ е идеален за секој што сака да го изгуби вишокот килограми бидеќи ја враќа и ја одржува телесната тежина во нормала.

Она што го издвојува од другите производи од овој тип е фактот дека капсулите Збогум Килограми може да се конзумираат подолг период без да се прават паузи, а должината на терапијата треба да трае најмалку еден месец (две кутии).

Намалувањето на килограми од досегашното искуство е од 1 до 5kg месечно, и тоа зависи од тежината на лицето (поголема тежина го прави полесно слабеењето првично), а од голема важност е и физичката активност и редовната и балансирана исхрана.

Пакување: 30 капсули

Што содржи производот Збогум Килограми и како се ослабнува со него?

Екстракт од сув лист од артичока, екстракт од сув лист од зелен чај и семе од анасон, како и екстракт од сув лист од бреза, кора од каскара и лист од сена, стандардизирани за да се искористат максимално нивните придобивки. Овие состојки се внимателно избрани за во комбинација со правилна исхрана и редовна физичка активност да се примени контролира на телесната тежина.

Кората од каскара и листот од сена делуваат како лаксативи, листот од бреза е природен диуретик, додека листот од зелен чај има докажано антиоксидативно дејство. Од друга страна, анасонот е состојка која има корисен ефект врз цревната перисталтика како целина. Листот од артичока го намалува нивото на триглицериди и холестерол во крвта, но делува и како антиоксиданс, антисептик и диуретик.

Збогум Килограми е препарат што помага во регулирање на телесната тежина и го елиминира вишокот течност, но пред сè штетните состојки, слободните радикали и со тоа го детоксицира организмот.

 

Примена и употреба

Се препорачува примена на капсулите Збогум Килограми за:

  • Намалување на телесната тежина
  • Елиминација на вишок течност од производите од метаболизмот
  • Олеснето варење и празнење на цревата
  • Елиминација на штетни, слободни радикали од организмот (детоксикација)
  • Намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта

Препорачана употреба е 1-2 капсули дневно, со многу вода.

 

Нутритивни вредности

Активни состојки

1 капсула 

 

Екстракт од сув лист од артичока
(Cynara scolymus) 4:1

125mg

 

Екстракт од сув лист од зелен чај
(Camellia sinensis) стандардизиран на 40% полифенол

75mg

 

Екстракт од семе од анасон
(Foeniculum vulgare) 4:1

50mg

 

Екстракт од сув лист од бреза
(Betula pendula) 10:1

50mg

 

Екстракт од кора од каскара
(Rhamnus frangula) 4:1

20mg

 

Екстракт од лист од сена
(Cassia senna) стандардизиран на 5,5% сенозид Б

20mg

 

 

Состав

Екстракт од сув лист од артичока (Cynara scolymus) 4:1; eкстракт од сув лист од зелен чај (Camellia sinensis) стандардизиран на 40% полифенол; eкстракт од семе од анасон (Foeniculum vulgare) 4:1; eкстракт од сув лист од бреза (Betula pendula) 10:1; eкстракт од кора од каскара (Rhamnus frangula) 4:1; eкстракт од лист од сена (Cassia senna) стандардизиран на 5,5% сенозид Б; малтодекстрин; средства против згрутчување (магнезиум стеарат и силициум диоксид), капсула (желатин, пречистена вода, боја – титан диоксид).

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Kaiser Pharm © 2021. UKION SHOPS