Pro Nerv x 30 kapsuli MaxMedica

Pro Nerv x 30 kapsuli MaxMedica

320 ден.
Шифра на производ: 210406104805
Достапност: На залиха
Количина:

Кога и како да се употребата Про Нерв капсулите?

Се препорачува примена на Про Нерв капсулите како помош кај:

  • Стрес, напнатост и нервоза
  • Несоница
  • Испрекинат и немирен сон
  • Грчеви во мускулите и слаба циркулација

Препорачана употреба кај возрасни, за ублажување на стресни ситуации, е 1 капсула, 2 пати дневно.
За квалитетен сон се препорачува конзумирање на 2 таблети одеднаш, 30-60минути пред спиење. 

 

За што е наменет Про Нерв од MaxMedica?

Капсулите придонесуваат за ублажување на проблемите предизвикани од стрес, делуваат како антиоксиданс и помагаат во заштита од кардиоваскуларни и малигни заболувања.

Про Нерв се капсули формулирани со валеријана, маточина и глог. Овој производ е целосно природен и без пигмент. Неговата структура е идеална за решавање на проблеми со стрес и напнатост, несоница, раздразливост, проблеми со концентрацијата и меморијата во ситуации на зголемена ментална активност, како и за срцеви проблеми.

Пакување: 30 капсули

 

Како дејствува Про Нерв од MaxMedica?

Валеријаната ја зголемува концентрацијата на гама-аминобутерната киселина во меѓуклеточниот простор, со што се зголемува нејзиниот ефект врз постсинаптичкиот неврон: го воведува во хиперполаризација. На тој начин манифестира седативно и анксиолитично дејство.

Маточината го нагласува ефектот на валеријаната.

Глогот ја намалува концентрацијата на калциум во васкуларниот мускул, со што прави вазодилатација и го намалува периферниот отпор. Го смалува притисокот, особено дијастолниот. Дејствува директно на срцевиот мускул.

 

Не создава зависност дури и со продолжена употреба.

Про Нерв е сосема природен и безбеден производ, кој со дејството на активните состојки на маточоната и валеријаната го намалува артерискиот притисок што е директна последица на напнатоста. Исто така, содржи природни бои (флавоноиди) кои се антиоксиданти и го намалуваат оксидативниот стрес, што значи дека ве штити и од кардиоваскуларни и малигни заболувања. Глогот пак помага да се релаксира срцевиот мускул.

 

Што е всушност стресот?

Во медицински или биолошки контекст, стресот е физичко, ментално или емоционално оптоварување кое предизвикува физичка или ментална напнатост. Стресорите (предизвикувачите на стрес) можат да бидат надворешни (од околината, психолошката или социјалната состојба) или внатрешни (болести или медицински процедури).

Стресот може да предизвика одговор на организмот што го става телото во состојба „да се бори или да бега“, сложена реакција на невролошкиот и ендокринолошкиот систем со која телото се подготвува за поголеми напори со цел да се зачува.
Справувањето со стресот е препознаено како ефективен третман кој вклучува фармаколошки и нефармаколошки компоненти во третманот.

 

Кои се симптомите на стрес?

Стресот доведува до многу здравствени проблеми и појави во организмот:

  • Забрзување на дејствувањето на срцето и белите дробови најчесто е предизвикано од стрес, па и кога пребледуваме или поцрвенуваме или дури до овие промени доаѓа нагло и наизменично.
  • Инхибицијата на желудникот и дејството на горниот дел на цревата до точката каде варењето се забавува, па дури и целосно застанува, исто така е последица на стресот.
  • Стресот влијае и на сфинктерите во телото.
  • Стресот се чувствува и во доменот на крвните садови во многу делови од телото.
  • Влијае на ослободување на хранливите материи (особено масти и гликоза) неопходни за мускулна функција, проширување на крвните садови за мускулите.
  • Инхибиција на лакрималната жлезда (одговорна за производство на солзи) и плунка, дилатација на зениците (мидријаза).
  • Стресот исто така може да доведе до проблеми со сетилата и органите, како што се релаксација на мочниот меур, инхибиција на ерекцијата, губење на слухот, периферно губење на видот, дезинхибиција на ‘рбетниот рефлекс и тремор.
  • Стресот исто така може да предизвика или да влијае на многу други медицински состојби, вклучително и психолошки, како што се депресија и анксиозност.
  • Медицински проблеми може да вклучуваат слабо заздравување и зараснување на раните, синдром на нервозно дебело црево, висок крвен притисок, тешкотии во контролирањето на дијабетесот и многу други состојби.

Како стресот влијае на функцијата на хормоните?

Хормоните, како што се адреналин или норадреналин, ги олеснуваат непосредните физички реакции поврзани со присилното дејствување на мускулите. Стресот доведува до зголемување на оксидативниот стрес, што го зголемува нивото на кортизол во телото. Високото ниво на кортизол во организмот лесно може да доведе до дебелина и разни воспаленија. Индикации се исто така остео промени, хормонална нерамнотежа и нарушувања на спиењето, малапсорпција, пад на имунитет, кардиоваскуларни промени и метаболички нарушувања.

Состав:

Активни состојки

2капсули содржат

*ПДВ

Сув екстракт од маточина (Melissa officinalis)
стандардизиран на 5% флавоноид

100 mg

-

Сув екстракт од корен од валеријана (Valeriana officinalis)
стандардизиран на 0,8% валеријанска киселина

80 mg

-

Сув екстракт од плод од глог (Crataegus pinnatifida)
стандардизиран на 3% флавоноид

80 mg

-


ПДВ* – Препорачан Дневен Внес; ПДВ не е востановен

 

Состав

Сув екстракт од маточона (Melissa officinalis) стандардизиран на 5% флавоноид, сув екстракт од корен од валеријана (Valeriana officinalis) стандардизиран на 0,8% валеријанска киселина, сув екстракт од плод од глог (Crataegus pinnatifida) стандардизиран на 3% флавоноид, малтодекстрин, средства против згрутчување: магнезиум стеарат и сицилиум диоксид, капсула: желатин, пречистена вода, боја (титан диоксид).

 

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

 

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Kaiser Pharm © 2021. UKION SHOPS