Начин и услови за достава
По направената нарачка на производите, вашите податоци (Име и Презиме, Адреса, Телефонски број, Количина, и вид на производ) влегуваат во нашиот систем и се испраќаат до избраната компанијата која ја врши дистрибуцијата.
Доставата на нарачаните производи се врши на адресата која е наведена при самата порачка. Доколку компанијата дистрибутер не успее да ве пронајде на адресата која сте ја навеле, ќе бидете исконтактирани телефонски на бројот кој сте го оставиле при креирањето на нарачката и ќе можете да договорите нов термин и адреса на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да ве пронајде, пратката ќе биде вратена. Откако пратката ќе биде вратена, ќе бидете исконтактирани за причината за неподигање на нарачката, со можност за повторен договор за испорака.
Со цел да се поедностави и олесни процедурата за достава на производот, обезбедете лице кое ќе биде присутно за примање-подигнување на нарачката на адресата која сте ја навеле при online нарачката. Се разбира овој начин е полезен доколку Вие лично не сте во можност да се јавите или ја примите пратката.
При превземање на производите купувачот е должен да ја провери точната бројка на доставени производи како и да изврши проверка на евентуални оштетувања при транспорт. Доколку има отстапување на доставеното од нарачаното, односно има потреба од рекламација, купувачот истата треба да ја пријави веднаш до продавачот. Производите се заменуваат под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.
Обработката на нарачките и подготовката на производите за достава се врши сите 7 дена во неделата. Сите достави се вршат само во градови и населени места во Република Северна Македонија во работни денови како и сабота до 14:00ч, овде се иземаат државни празници.
Од моментот на нарачка, утврдениот рок на испорака е најдоцна до 5 работни дена (најчесто времето на испорака изнесува 1 – 2 работни дена).
Трошоците за достава на производите зависат од сумата на нарачката.
За нарачки со сума повисока од 3.600 денари доставата е бесплатна.
За нарачки под 3.600 денари, доставата ја плаќа купувачот и таа чини 130 денари + 18%ддв.
Доставата во Куманово е бесплатна, без разлика на висината на нарачката. За искористување на оваа предност Ве молиме наведете при регистрацијата дека сте од Куманово, доколку сте од Куманово. Пример: при регистрација ќе Ви се појават два региони, Куманово и останато. Доколку сте од Куманово одберете ја опцијата Куманово, а доколку не сте, одберете останати региони.