Hepagard x 30 kapsuli MaxMedica

Hepagard x 30 kapsuli MaxMedica

490 ден.
Шифра на производ: 210328223505
Достапност: На залиха
Количина:

Примена и употреба на Хепагард:

Се препорачува примена на капсулите Хепагард во случај на:

  • Долгорочни диети богати со маснотии и шеќер
  • Прекумерна тежина и дебелина
  • Безалкохолен замастен црн дроб
  • Акутен хепатитис од каква било форма
  • Цироза на црниот дроб
  • При хроничен алкохолизам
  • За време на закрепнувањето на црниот дроб од оштетување од која било причина

Во текот на првите 8 недели од употреба на капсулите треба да се земаат 2 капсули дневно, а потоа по 1 капсула дневно. Капсулите се конзумираат со малку течност, при оброк.

За што е наменет MaxMedica Хепагард?

Капсулите содржат комбинација на биолошки активни соединенија кои придонесуваат за одржување на нормалната функција на црниот дроб.

Пакување: 30 капсули

Што содржат капсулите Хепагард?

Млечниот трн (Silybi marianum fructus) и неговата активна состојка силимарин се користат во третман на оштетувања, хронични воспалителни заболувања и при цироза на црниот дроб. Имаат хепатопротективно, хепаторегенеративно, антиинфламаторно, холеретично и антихолестатско дејство.

Артичоката (Cynara scolymus) е повеќегодишно растение од тропските предели. Клиничките студии покажуваат дека препаратите базирани на листови од артичока имаат корисен ефект врз дигестивните проблеми како што се диспепсија, надуеност, гадење и други дигестивни нарушувања, како и за намалување на крвните липиди при лесна до умерена хиперхолестеролемија.

Холин е состојка која се синтетизира во телото, но нејзините количини може да бидат недоволни. Претставува составен дел од фосфолипидот на клеточната мембрана, кој е претходник во синтезата на невротрансмитерот ацетилхолин.

Л-метионинот е есенцијална аминокиселина. Учествува во елиминација на метаболички производи во црниот дроб, како и во метаболизмот на мастите.

Витаминот Ц е најважниот антиоксиданс растворлив во вода. Неопходен е за синтеза на колагенот и други компоненти на сврзното ткиво. Има имунопротективно дејство.

Витаминот Б6 (пиридоксин, пиридоксал, пиридоксамин) спаѓа во групата витамини растворливи во вода. Значаен е во метаболизмот на протеини и аминокиселини.

 

Што е силимарин?
Силимарин, активна супстанца која се наоѓа во растението млечен трн, но исто така и во артичоката, е мешавина од флавонолигнан силибинин, силицистин, силидијанин и изосилибинин.

Зошто силимаринот е добар за црниот дроб?
Силимаринот го зголемува нивото на глутатион, супстанца која го детоксицира црниот дроб и со тоа спречува оштетување под дејство на хемикалии, лекови и хормони. Тоа влијае на стабилизирање на мембраната на клетките на црниот дроб, со што се спречува влегувањето на токсини и се стимулира регенерацијата на оштетените клетки. Силимарин исто така спречува оштетување на црниот дроб од слободните радикали.

Што е хепатална стеатоза?
Иако не е толку честа појава како што се проблемите со холестерол или висок крвен притисок, стеатозата на црниот дроб е на многу начини еднаква на овие проблеми и всушност е проблем познат како замастен црн дроб. Присуството на маснотии во црниот дроб е нормално, но ако надмине 5% тоа е првиот показател дека има оштетување на еден од најважните органи.

Кои се симптомите на замастен црн дроб?
Замастен црн дроб во почетната фаза честопати не е придружен со никакви симптоми, поради што се нарекува и „тивка болест“. Во понапредна фаза може да се јават нетипични симптоми како што се:

  • замор
  • гадење
  • губење на апетит и тежина
  • проблеми со концентрацијата
  • болка во централниот или горниот десен дел на стомакот
  • темни дамки на кожата

  

Нутритивни вредности

Активни сотојки

1 капсула содржи

2 капсула содржи

НРВ*

екстракт од плод од млечен трн (Silybum marianum L. Gaertn.)

- од тоа силимарин

162,5 mg

 

130 mg

325 mg

 

260 mg

-

Сув екстракт од лист од артичока (Cynara scolimus L.) 4-5:1

100 mg

200 mg

-

Холин

80 mg

160 mg

-

Метионин

40 mg

80 mg

-

Витамин Б6

1,4 mg

2,8 mg

200 %

Витамин Ц

60 mg

120 mg

150 %

*НВР- Нутритивна Референтна Вредност

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Kaiser Pharm © 2021. UKION SHOPS