Cink + C +D3 x 50 tableti MaxMedica
  • Cink + C +D3 x 50 tableti MaxMedica

Cink + C +D3 x 50 tableti MaxMedica

310 ден.
Шифра на производ: 210327175931
Достапност: На залиха
Количина:

Кога се препорачува да се зема Цинк + Ц + Д3:

-       Нормална функција на имуниот систем

-       Заштита на клетките од оксидативни стресови

-       Нормална функција на мускулите

-       Намалување на заморот и исцрпеноста

-       Создавање на колаген

-       Одржување на нормални коски, кожа, десни и заби

 

Cink + C + D3 таблетите содржат оптимална дневна доза на цинк, витамин Ц и витамин Д3, нутритиенти кои се важни за одржување на имунитетот и целокупното здравје.

Цинк допринесува за нормална функција на имунолошкиот систем, когнитивните функции, плодност и репродукција како и синтеза на протеини. Цинкот, исто така допринесува за одржување на здравјето на коските, кожата, косата и ноктите, за нормален вид но и за заштита на клетките од оксидативните стресови.

Витамин Ц допринесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, одржување на нормален енергетски метаболизам, го намалува заморот и исцрпеноста, ги заштитува клетките од оксидативен стрес, помага во нормално создавање на колаген за нормална функција на крвните садови, ‘рскавицата, кожа, коски, десни и забите. Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железото.

Витаминот Д3 допринесува за нормална апсорпција (искористување) на калциумот и фосфорот, нормални нивоа на калциум во крвта, одржување на нормални коски и заби и нормална функција на мускулите и имунитетот.

Паковање: 50 таблети

Начин на употреба: Се препорачува да се зема 1 таблета дневно со јадење.

Состав на производот:

Активни состојки:

1 таблета

NRV*

Цинк (cink-oksid)

15 mg

150%

Витамин Ц (L-askorbinska kiselina)

80 mg

100%

Витамин Д3 (holekalciferol)

10 µg

200%

*Nutrient Reference Value

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

 

Често Поставувани Прашања:

На кој начин Цинкот допринесува за зајакнување на имунитетот?

Цинк делува имуномодулаторно и допринесува за правилна функција на имунолошкиот систем, ги штити клетките од оксидативните стресови, а најновите истражувања покажуваат дека суплементацијата со Цинк во значителна мера ја намалува зачестеноста од респираторните инфекции, затоа што ги стимулира клетките на нашиот имун систем, кои делуваат како прва одбранбена линија против инфекциите, посебно оние предизвикани од вирусите.

Освен за зачувување на структурата и функцијата на коските и забите, за што уште е важна суплементацијата со витамин Д3?

Витамин Д3 допринесува за нормална функција на имунолошкиот систем, а позитивно влијание има и на мускулите, зголемување на мускулната маса и намалување на мијалгиите и миопатиите. Кај пациенти кај кои е констатиран дефицит (помала концентрација на витамин Д3) на витамин Д3 кои имаат автоимуни заболувања се почесто се препорачува суплементација со витамин Д3. Витаминот Д3 го стимулира ослободувањето на неуротрансмитерот серотонин, кој е важен за доброто расположение што е причина зошто и не ретко витамин Д3 се дава кај луѓе со пореметување на расположение како и кај депресивни состојби.

При псоријаза постои зголемено создавање на клетки на епидермалниот слој на кожата а потврдено е дека витамин Д3 го инхибира (стопира) создавањето и ја потенцира диференцијацијата на епидермалните клетки што ја одобрува примената на витамин Д3 и кај оваа кожна болест. Се препорачува примена на витамин Д3 како превентивна мерка во есенските и зимиските месеци, како и кај луѓе кои не се доволно изложени на сонце без разлика на годишниот период.

Дали препаратот Цинк + Ц + Д3 може да се користи во континуитет или мора да се прават паузи кога се применува?

Таблетите Цинк + Ц + Д3 може да се користи во континуитет. Состојките на овој производ го модифицираат и го зајакнуваат имунолошкиот одговор на организмот, но не покажуваат имуносупресивен ефект ( намалување на имунитетот поради користење на некој производ или состојба) па токму поради тоа не мора да се прави пауза при неговото користење. Суплементацијата со Цинк + Ц + Д3 се препорачува посебно во текот на есенските и зимските месеци кога почесто и се јавуваат бактериските и вирусните инфекции кога храната која ја конзумираме е со помал процент на овие витамини и минерал и кога не сме изложени на сонце во доволна мера, но корисна е и превентивна суплементација во текот на пролетните и летните месеци како би му помогнале на нашиот имун систем да ја зајакне својата функција а како би бил појак и имунолошкиот одговор во подоцнежните месеци кога ќе се сретнеме со патогени.

 

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Kaiser Pharm © 2021. UKION SHOPS