B12 Neuro Max x 30 kapsuli MaxMedica

B12 Neuro Max x 30 kapsuli MaxMedica

540 ден.
Шифра на производ: 210402105903
Достапност: На залиха
Количина:

Зошто капсулите Б12 Неуро Макс?

Се препорачува примена на капсулите Б12 Неуро Макс:

  • За нормално функционирање на нервниот систем
  • Во мегалобластна (макроцитна) анемија
  • За синтеза на генетски материјал (ДНК и РНК) и аминокиселини
  • За правилен раст и развој
  • За производство на енергија (за хроничен замор, малаксаност)

Препорачливо е да се конзумира 1 капсула дневно , во утринските часови.

За што е наменет MaxMedica Б12 Невро Макс?

Капсулите Б12 Невро Макс ја помагаат работата на нервниот систем, ја подобруваат циркулацијата и го зајакнуваат имунитетот.

Овој производ е формулиран врз основа на витамин Б12, фолна киселина и биотин. Синергетскиот ефект на овие активни состојки придонесува за подобрување на периферната и церебралната циркулација, додека витаминот Б12 помага во формирање на црвени крвни зрнца и учествува во процесите на пренесување на нервниот импулс.

Витаминот Б12 како интегрална состојка на Б12 Неуро Макс придонесува за: нормално производство на енергија, нормално функционирање на нервниот систем, нормален метаболизам на хомоцистеин, нормална психолошка функција, нормално производство на црвени крвни клетки, придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, намалување на заморот и исцрпеноста.

Витаминот Б12, исто така, игра улога во процесот на поделба на клетките.

Пакување: 30 капсули

 

Зошто е важен витаминот Б12?

Витаминот Б12 помага во формирање на црвени крвни клетки и учествува во процесите на пренесување на нервните импулси.


Витамин Б12 (цијанокобаламин) е витамин растворлив во вода. Извори на овој витамин исклучиво намирници од животинско потекло. Неговата улога е важна во спречувањето на мозочен удар, депресија, губење на меморијата и концентрацијата, како и на периферните невропатии. Ова особено влијае на церебралната циркулација, правејќи го мозокот подобро хидриран, а со тоа и поспособен за извршување на секојдневни активности.


Благ недостаток на овој витамин може да предизвикува замор, отежнато дишење, дијареја, нервоза, пецкање на рацете и нозете, а сериозен недостаток предизвикува невролошко оштетување.

 

Што е заедничко за витамин Б12 и фолна киселина?

Покрај витамин Б12, во MaxMedica Невро Макс има и фолна киселина и биотин.
Во човечкото тело, витаминот Б12 се таложи во црниот дроб, а заедно со фолната киселина, припаѓа на антианемичните витамини. Двата витамини имаат заштитна улога во организмот затоа што спречуваат појава на некои видови на анемија.


Фолната киселина придонесува за раст на мајчиното ткиво за време на бременоста, фолатот придонесува за намалување на заморот и исцрпеноста. Фолатот игра улога во процесот на делба на клетките, придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем, психолошка функција, нормален метаболизам на хомоцистеин, формирање на крв, како и нормална синтеза на аминокиселини.


Биотинот придонесува за нормален метаболизам на производство на енергија, функционирање на нервниот систем, метаболизам на макронутриенти, подобрување на психолошките функции, одржување на здрава коса, мукозни мембрани, како и одржување на здрава кожа.

 

Активни состојки

1 капсула содржи

%ПДВ*

Витамин Б12

1000 µg

40000 %

Фолна киселина

170 µg

85 %

Биотин

100 µg

200 %

ПДВ* - Препорачан Дневен Внес

Состав

Витамин Б12 (цијанокобаламин), фолна киселина (птероилмоноглутаминска киселина), биотин (Д-биотин), малтодекстрин, средства против згрутчување: магнезиум стеарат и силициум-диоксид, капсула: желатин, пречистена вода, боја (титан диоксид).

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

 

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Kaiser Pharm © 2021. UKION SHOPS