Aktiven Jaglen Sielo x 30 kapsuli

Aktiven Jaglen Sielo x 30 kapsuli

300 ден.
Шифра на производ: 211124102814
Достапност: На залиха
Количина:

Зa што се употребува Активен Јаглен Sielo?

Се препорачува примена на Активен јаглен:

  • прочистување на стомачно -цревниот тракт
  • за исфрлање на токсините
  • Во случај на надуеност и гасови
  • При проблеми со варењето
  • Кај аерофагија (несвесно голтање на воздух во текот на јадење)

 

Начин на употреба, според потреби:


При начин на исхрана од 5 оброци на ден, по 1-2 капсули 1 час пред оброк. Време на терапија 2-4 седмици. Пред секоја терапија, минимум 3 месеци прекин

За што е наменет Sielo Активен јаглен?

Активниот јаглен помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање на воздухот за време на оброците).  Детоксикацијата на организмот со активен јаглен е брза помош во моментот кога е потребна, не само за решавање на тековните проблеми, туку и за општо подобрување на симптомите на надуеност, мамурлак, па дури и проблеми со кожата и непцата.

Во некои од овие ситуации се наоѓаме ненајдено и затоа најдобро е секогаш да ги имате со вас за на пат, на одмор или пак кога сте на излет во природа.

Неговото абсорбирачко својство води до подобрување на метаболизмот и редуцирање на тежината. Подобен за целосна детоксикација на организмот.

Пакување: 30 капсули

 

Што е активен јаглен?

Активниот јаглен, исто така познат како медицински јаглен, е вид на аморфна форма на јаглерод добиен со деструктивна дестилација на материјали како што се дрво од разни растенија и кора од кокос и како таков има многу поголема специфична површина од обичниот јаглен.

Тоа е ситен, црн прав од чист јаглерод. Големата површина на активен јаглен го дава неговиот одличен капацитет за апсорпција.

Токму оваа голема апсорпциска моќ има влијание врз неговата примена во многу индустрии, а особено за медицински цели. Постојат различни видови на активен јаглен со различни карактеристики.

 

За што се користи активниот јаглен?

Активниот јаглен, меѓу другите супстанци, се користи за лекување на одредени нарушувања и болести, вклучувајќи хиперлипидемија, болести на црниот дроб, билијарниот тракт и бубрезите.

Исто така, орално конзумираниот активен јаглен ги намалува нивоата на холестерол, ја намалува подуеноста и количината на цревни гасови. Тој е гастроинтестинален абсорбент и може да има хипохолестеролемична активност.

 

Која е употребата на активниот јаглен во козметиката?

Активниот јаглен се користи и за козметички цели за подготовка на маски за чистење на лице, како и за белење на заби. Покрај одличниот ефект кој го дава за избелување на забите, активниот јаглен помага и во спречување на кариес, лош здив и заболување на непцата.

 

Активни состојки

1 капсула содржи

% ПДВ*

Активен јаглен (Vegetable carbon)

150 mg

-

ПДВ* - Препорачан Дневен Внес, ПДВ не е востановен

 

 

     
       

Состав

Активен јаглен, магнезиумови соли на масни киселини, Силициум Диоксид, капсули од желатин.

Помошни супстанци:

Компонента против лепење: магнезиумови соли на масни киселини -12mg. и Силициум Диоксид -10mg.

 

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства  консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Kaiser Pharm © 2021. UKION SHOPS